Големо дерби во Тетово: Може ли Вардар да продолжи со позитивните резултати и против Шкендија? (Фото)

Комплетното 21-во коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра денес со почеток во 14 часот на терените ширум земјава. Секако, најголемо внимание привлекува дуелот во Тетово, каде ќе се сретнат екипите на Шкендија и Вардар. Овие две екипи до пред неколку сезони во директните дуели одлучуваа за шампионската титула, но денес се на различни краеви од табелата.

Шкендија моментално е на третата позиција со 39 поени, односно три помалку од лидерот Шкупи, додека Вардар е на десеттата позиција од 12 екипи со 21 поен, односно речиси двојно помалку од денешниот ривал. Скопските „црвено-црни“ имаа одличен старт на пролетниот дел и откако одиграа нерешено на гостувањето кај Гостивар, на домашен терен го победија составот на Брегалница со 2-0. Ист број на бодови пролетва освои и Шкендија, која најпрво ја победи Македонија ЃП на гости со 0-1, а потоа изненадувачки на домашен терен одигра нерешено, 2-2 против Гостивар.

Вардар последен пат ја победи Шкендија во октомври 2017-тата година, кога скопските „црвено-црни“ славеа со 4-2 во првенствен натпревар, а од тогаш до сега одиграа вкупно 16 натпревари, на кои Шкендија победи на девет меча, а седум дуели завршија нерешено.

Сосема очекувано Шкендија е голем фаворит и според квотите во Sport Life. Квотата за победа на тетовските „црвено-црни“ е само 1.32, додека изненадување на Вардар во Тетово носи квота од 7.75. Нерешениот резултат има квота од 4.20.

Лидерот на табелата, чаирски Шкупи на домашен терен ќе го пречека Тиквеш, додека бранителот на титулата, Струга, има тешко гостување во Кратово, против Силекс. Во скопската населба Ѓорче Петров, во дербито на дното, Македонија ЃП и Воска бркаат бодови за гол прволигашки живот, а Работнички и Брегалница ќе го сефтисаат новиот терен на Националната арена во Скопје. На последниот дуел во Гостивар, истоимената домашна екипа ја пречекува струмичка Брера.

- Оглас -

Најнови вести