Големо дерби во третото коло од англискиот Лига куп

Вчерашната ждрепка за третото коло во Лига купот на Англија ги спои Манчестер сити и Челзи во рано дерби кое ќе се одигра на „Етихад“ на 7 ноември.

Актуелниот англиски првак ќе го пречека ланскиот финалист на свое тло, и тоа ќе биде највозбудливиот натпревар од третото коло. Интересен пар исто така е Манчестер јунајтед – Астон вила.

Тотенхем во меѓувреме ќе гостува кај Нотингам форест, Арсенал на домашен терен ќе игра против Брајтон, додека бранителот на трофејот Ливерпул наиде на нисколигашот Дерби.

- Оглас -

Најнови вести