Големо изненадување: Познат е освојувачот на Златната топка (ФОТО)

Португалската национална телевизија, дојде дојде до информации од Франс Фудбал, во кои се вели дека Лео Меси е освојувачот на Златната топка за овие две години.

Аргентинецот на церемонијата кон крајот на месецов ќе ја освои и седмата најпрестижна индивидуална награда во фудбалот а во изборот ги победи Роберт Левандовски и Карим Бензема.

Според ПНТ, Меси веќе го направил интервјуто за свечената церемонија, која е закажана за 29. ноември.

Тој, до оваа награда дојде откако со својата селекција Аргентина ја освои Копа Америка и беше најефикасен играч во шпанското првенство, постигнувајќи 30 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести