Големо понижување за Дражен Петровиќ: НБА го заборави кошаркарскиот Моцарт на денот на неговиот роденден (ФОТО)

На денот на 57-миот роденден на Дражен Петровиќ, НБА слави 75 години од своето постоење, а по тој повод направи и листа на најдобрите и највлијателните 75-мина кошаркари на сите времиња.

Зачудувачки е фактот дека Дражен го нема на оваа листа, а на нељ има само двајца Европјани. Станува збор за Јанис Адетокумбо и Дирк Новицки.

И покрај тоа што го нема кошаркарскиот Моцарт, оваа листа изгледа застрашувачки и на неа има имиња кои оставиле силен печат во кошарката.

Нешто слично како пред 25 години, кога на Олстар-натпреварот во Кливленд тие се појавија пред публиката по повод 50 години од своето постоење, ќе биде и сега.

Интересно е што повторно Кливленд е одбран за дестинација на едно од најголемите спортски шоуа на планетата.

Листата на најдобрите играчи во историјата на НБА е составена од мислењата на актуелните и некогашните тренери и играчи кои продефилирале во најсилното кошаркарско натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести