Големо предавство во Милано: Чалханоглу потпишува за Интер

Хакан Чалханоглу ги разлути навивачите на Милан со одлуката да одбие продолжување на соработката и да ја прифати понудата од лутиот градски ривал Интер.

Турскиот репрезентативец како слободен играч ќе потпише тригодишен договор со Нераѕурите, според кој ќе заработува пет милиони евра по сезона, што е за еден милион евра повеќе од тоа што му понудија Росонерите.

Чалханоглу во летото 2017 година пристигна на „Сан Сиро“ од редовите на Леверкузен за сума од 23,5 милиони евра. За Милан запиша 172 настапи, во кои забележа 32 гола и 48 асистенции, а сега ќе ја замени црвената боја со сината на актуелниот шампион на Италија.

- Оглас -

Најнови вести