Големо признание за нашиот фудбалер: Стефан Ристовски во идеалниот тим на сезоната во Хрватска!

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, после освојувањето на двојната круна со Динамо Загреб, доби што едно признание. Хрватскиот синдикат на фудбалери ги прогласи најдобрите во штотуку завршената сезона, а Ристовски се најде во идеалната постава на ХНЛ.

Стефан Ристовски оваа сезона одигра 43 натпревари за Динамо Загреб во сите натпреварувања, не успеа да постигне погодок, но двапати асистираше. За репрезњнтацијата на Македонија има одиграно 82 натпревари, но предвреме се пензионираше поради несогласувања со селекторот, Благоја Милевски, иако со своите игри во дресот на Динамо покажува дека игра во врвна форма.

- Оглас -

Најнови вести