Големо руско дерби се игра за Аријан Адеми

Големо руско дерби се игра надвор од терен, а Спартак и ЦСКА се заинтересирани за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Капитенот на Динамо Загреб е пред преселба во Русија, иако има договор со популарните Модри до 2023. Хрватските медиуми објавија дека вредноста на Адеми во моментов е околу пет милиони евра, пари што не би требало да бидат проблем за големите ривали од Москва.

Аријан неодамна одби понуда од Обединетите Арапски Емирати, а претходно долго време се говореше дека француски Лил е заинтересиран за ангажман на одличниот играч од средниот ред на Динамо и на македонската репрзентација.

Адеми има 29 години и веќе ја игра десеттата сезона за хрватскиот првак, со мала пауза од неколку месеци во 2012 година, кога беше на позајмица во Локомотива Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести