Големото египетско засилување дојде во Битола!

Репрезентативниот голман на Египет, Карим Хандави, пристигна во Битола и му се стави на располагање на тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, за продолжението од сезоната.

Хендави имаше успешни настапи на Светското првенство, а откако се средија формалностите, тој пристигна и официјално е нов член на битолскиот тим.

Со Хандави во составот, покрај Трајковски и Чаневски, Еурофарм Пелистер има добро покриена голманска позиција, што може многу да им значи во натпреварувањата во коишто учествуваат.

Египќанецот и во Еурофарм Пелистер ќе брани со истиот број на дрес со кој настапува и во националниот тим, а тоа е 88.

Утре пелистерци му гостуваат на Загреб во СЕХА-лигата, а Хандави би дебитирал в среда, кога во Битола ќе гостува Татабања во рамките на Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести