Големото срце на Салах: Во родниот град испрати неколку тони храна како хуманитарна помош

Голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах, не го заборава родниот град Нагриг во Египет и реши да испрати хуманитарна помош на најпогодените од пандемијата на Коронавирусот. Капитенот на Египет испрати неколку тони храна која треба да ја поделат оние луѓе од најранливата категорија.

Иако е голема светска ѕвезда, Салах никогаш не го има заборавено родното место. И во 2018 година тој донираше голема сума на пари за локалната болница, а учествуваше и во изградбата на пречистителната станица за да може луѓето да имаат чиста вода за пиење.

 

- Оглас -

Најнови вести