Голгетерот на Рома влезе во конкуренција за промашување на годината (Видео)

Тами Абрахам е еден од најдобрите фудбалери на Рома, но на денешниот меч против Верона, интернационалецот се посрамоти. Римската волчица губеше со 1:0, кога Абрахам од контранапад се најде сам пред домашниот голман.

Напаѓачот на Рома успеа да го помине и голманот и потоа остана само да ја погоди празната мрежа. Сепак, тогаш се случи тоа што никој не очекуваше. Абрахам успеа да промаши празен гол.

За среќа на Абрахам, Рома успеа да победи со 3:1 на ова гостување кај Верона.

- Оглас -

Најнови вести