Голгетерот на Селта кој може да добие девет години затворска казна, денеска ќе игра против Реал Мадрид

Фудбалерот на Селта Виго, Санти Мина и уште еден играч од пониските лиги, негираа вина во обвинението за сексуален напад врз една девојка. Неколку дена се презентираа докази од двете страни и траеја исказите, а синоќа беше завршено сослушувањето, па во наредните неколку дена, судијата треба да донесе одлука.

Државниот обвинител бара осум години затворска казна за Мина, додека адвокатот на жртвата бара девет и пол години затвор за фудбалерот на Селта Виго. Давид Голдар кој игра во нисколигашот Ибица е обвинет како соучесник во делото и адвокатот на жртвата за него бара четири и пол годишна казна затвор. Во наредниот период, судијата треба да донесе конечна одлука, која потоа може да биде обжалена до Врховниот суд во Шпанија.

Жената која ги обвинува двајцата фудбалери, вели дека била силувана. Таа заминала со Голдар, а потоа се сретнале со Мина. Токму Мина бил силувачот, а Голдар не направил ништо за да го спречи тоа. Двајцата фудбалери изјавија дека девојката сама се согласила на секс. Инцидентот се случил во Алмерија во 2017 година, додека Мина играше за Валенсија.

Иако имаше неколку тешки денови поминати на суд, Мина денеска ќе биде во составот на Селта Вила која на свој терен игра со лидерот Реал Мадрид.

„Додека не се донесе поинаква одлука, сите се невини. Разговарав со Санти и ќе разговарам повторно. Тој е важен играч во нашиот тим“, вели тренерот на Селта, Едуардо Куда.

- Оглас -

Најнови вести