Голман дебитант за националниот дрес направи киксови по кои самиот молеше да биде изваден од игра (Видео)

Оман го победи Јемен со 3:2 во меч од Гулф Купот, а во центарот на вниманието беше голманот на Јемен, Али Абас. Овој голман доби шанса да дебитира за репрезентацијата на Јемен и нема по добро да го памти првиот настап.

Само по две минути игра, Абас си постигна автогол, но Јемен потоа успеа да даде два гола и да победи со 2:1. Сепак, во 37-мата минута повторно киксираше голманот дебитант. По еден слободен удар на Оман, Абас несмасно реагираше и буквално сам ја внесе топката во сопствената мрежа.

Веднаш по овој гол, голманот побара да биде заменет и изваден од игра. Соиграчите се обидоа да му дадат поддршка на голманот кој беше директен виновник за двата гола. Во 45-тата минута Оман имаше пенал за 3:2, но Ал Алави шутираше високо над голот, па тоа беше една позитивна работа за голманот Абас, кој не прими гол од белата точка.

На полувремето Абас сепак беше заменет, а Оман во вториот дел постигна уште еден гол и стигна до победа од 3:2.

- Оглас -

Најнови вести