Голман кога дрибла, подгответе се за гол (Видео)

Голманот на Нефтохимик посака да се забавува на теренот со дриблинзи, но само го потврди непишаното фудбалско правило дека е многу опасно кога чуварот на мрежата сака да прави егзибиции.

Првиот обид за дриблинг му успеа, но веднаш потоа стигна казната. Заборави каде е фудбалот и напаѓачот на Септември Софија, Борис Галчев, го казни со водечки гол за гостите.

Потоа индиспонираниот голман на екипата од Бургас прими уште еден погодок и беше најголем виновник за поразот од 0:2.

Погледнете ја егзибицијата на домашниот чувар на мрежата на мечот од втората бугарска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести