Голман кога ќе згреши, нема поправен, за среќа, овој се радуваше на победа (Видео)

Голманот на Асколи, Енрико Гуарна, повторно можеше да биде трагичар на втор меч по ред, но неговиот голем кикс вчера против Калјари сепак не беше кобен за тимот за којшто брани.

Асколи го победи Калјари со 2:1 во дербито на десеттото коло во Серија Б, а Гуарна со голем кикс му дозволи на Паволети да му ја затресе мрежата, да намали на 2:1 во 86-тата минута и да предизвика неизвесен финиш на мечот.

За среќа на голманот на Асколи, Црно-белите издржаа докрај и победија со 2:1.

Ascoli 2-[1] Cagliari – Leonardo Pavoletti (85′) from soccer

Пред пет дена чуварот на мрежата на Асколи беше голем трагичар на куп-дуелот со Сампдорија, кога го промаши последниот пенал во долгата серија од по 12 изведени удари од белата точка, па неговиот тим испадна.

 

- Оглас -

Најнови вести