Голман-малер си даде автогол, а му шутнаа пенал (Видео)

Неверојатен малер му се случи на голманот Михаил Филипов на денешниот меч на неговиот тим Чајка против Торпедо Москва во втората руска лига. Торпедо победи 2-1, а погодокот за 2-1 падна во 68-мата минута и беше автогол на Филипов.

Судијата досуди пенал за гостите, Амур Калмиков шутна, топката удри во стативата, но се одби од долниот дел на грбот на несреќниот Филипов, кој не ни виде што се случи, но брзо се свести дека топката заврши во неговиот гол.

- Оглас -

Најнови вести