Голман на Манчестер јунајтед имаше невидена среќа – Го искрши „ламборгинито“ и преживеа (Фото)

Серхио Ромеро, резервниот голман на Манчестер јунајтед, имаше невидена среќа и мина без сериозни повреди по стравотниот удар со автомобил во заштитна ограда близу до тренинг-кампот на клубот.

Откако ја пробил оградата, удрил и во дрво со својот автомобил „ламборгини“ и вистинско чудо е како останал жив.

Автомобилот вреден околу 200 илјади евра е целосно уништен, а фотографиите изгледаат стравотно.

Ромеро има 32 години и му е резерва на Де Хеа во Манчестер јунајтед. По инциденто,т Ромеро успеа дури и да тренира претпладнево со соиграчите на Црвените ѓаволи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести