Голман што требаше да биде напаѓач eднаш месечно ги „крши“ стативите (Видео)

Голманот на Телстар, Јаспер Шенделар покажа дека може да игра и како напаѓач, но и му фалеше само малку среќа на два меча да биде стрелец за холандскиот второлигаш и да му донесе по еден бод на својот тим на дуелите со НАК Бреда и вчера против Алмере.

На првиот меч што се играше на 14. ноември Шенделар со удар со глава ја погоди пречката и не успеа да израмни на 1:1 во самиот финиш на дуелот што заврши со победа на Бреда од 1:0.

И вчера немаше среќа против Алмере на домашен терен и повторно ја погоди рамката на противничкиот гол, овојпат стативата во последните мигови, па Телстар загуби со 2:3.

Јаспер е млад голман има само 20 години, а сега очекува трета среќа и прв гол во кариерата во дресот на Телстар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести