Голманите на „Енфилд“ ќе бидат на тежок испит

1132 Ливерпул – Манчестер ј. (17.30 часот)

Најтрофејните англиски клубови во ова големо дерби влегуваат со по три победи и едно реми во последните четири кола, имаат речиси иста гол разлика (Манчестер има дадено само еден гол повеќе, а по бројот на примени голови се изедначени) но разликата е што Јунајтед има дури десет бодови повеќе од Црвените, и е во многу поповолна позиција во битката за места кои водат во Лигата на шампионите. Манчестер на 22-ри јануари го претрпе последниот пораз, а на „Олд Трафорд“ во август, беше 2-1 за Ѓаволите. На последното гостување на „Енфилд“, Јунајтед беше уништен со 0-4.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.90)

 

3618 Интер – Лече (18.00 часот)

Интер и Лече во претходното коло губеа со по 0-1, со тоа што поразот на Интер може да се смета за голем кикс, па треба да се вадат. Интер со победа би бил втор, тоа е тим кој има само две ремија сезонава, додека Лече дури девет пати играше нерешено. Летоска во Лече, Нераѕурите победија со гол на Думфрис во 95-та минута. Од 2001 година наваму, Интер ги има добиено сите домашни мечеви против Лече, а на последните две посети во Милано, гостите примаа по 4 голови.

Предлог тип: 1 & 1+второ (1.71)

 

1710 Рен – Марсеј (20.45 часот)

Рен има две победи по ред, и ќе проба да фрли сол на раната на Марсеј кој во минатото коло дома беше поразен во дербито од ПСЖ. Рен е тим кој уште од 6-ти ноември нема нерешен резултат, а и Марсеј има само едно реми во последните четири месеци. Последните пет меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со 0-2 гола.

Предлог тип: X2 & 0-3 (1.99)

 

3619 Рома – Јувентус (20.45 часот)

Јуве е во победнички ритам, а Рома бара утеха после киксот против Кремонезе. Римјаните се борат за излез во Европа, истото важи и за Старата дама, која ако дојде и до петтата победа по ред, ќе има само шест бода помалку од Волчицата. Последен меч на кој Јуве не даде гол беше против Монца на 29-ти јануари. Летоска во Торино беше 1-1, а Рома на „Олимпико“ последен пат славела против најтрофејниот италијански клуб во 2019 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40)

 

1309 Бетис – Реал Мадрид (21.00 часот)

Бетис во овој дуел влегува осоколен после трите победи по ред, кои го качија на петто место. Реал Мадрид мора да победи за да остане во трка за титулата, но на гостите нема да им биде лесно, особено што ќе го нема Модриќ кој е суспендиран поради жолти картони. Реал доби четири од последните пет гостувања на „Бенито Вилјамарин“, но ова никогаш не е лесно гостување за мадриѓаните и ќе мора да одиграат многу подобро и поефикасно отколку против Барса во Купот.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести