Голманка даде гол за целосно понижување на противничките (Видео)

Во словенечката лига за фудбалерки, Радомље го прегази Крим со 19-0, а 18-тиот гол го постигна голманката на домашната екипа.

Разликата во квалитет беше огромна, а при 17-0 во 89-тата минута, и голманката доби желба да се запише во листата на стрелци и успеа во тоа кога по еден корнер, со шут со глава ја совлада својата колешка.

Словенечките медиуми пишуваат за понижување и срам, потег кој не е во духот на спортскиот ферплеј, а голманката изјави дека тренерот ѝ наредил да оди во напад.

Голот може да го видите на 1:51:45 од снимката:

- Оглас -

Најнови вести