Голманката на Иран ја обвинија дека е машко, мора да се докаже нејзиниот пол

Голманката на репрезентацијата на Иран, Зохер Кудаи, се најде во центарот на фудбалското внимание откако беше обвинета дека е машко преправено да брани за женската селекција.

Овие обвинувања дојдоа од Фудбалската федерација на Јордан, од каде што контактирале со челниците на Азиската федерација барајќи веднаш да се провери полот на голманката затоа што тие веруваат дека е машко.

Селекциите на Јордан и Иран играа пред два месеци во квалификациите за Азискиот куп, а Иран победи на пенали. Од Федерацијата на Јордан посочуваат дека во минатото имало скандали поврзани со иранската репрезентација кога биле откриени мажи како играат во женскиот тим, па и сега се сомневаат дека се работи за ист скандал.

Од Иран ги демантираат овие сомнежи и велат дека на противникот му е тешко што го загубил тој меч на пенали.

„Лекарите во репрезентацијата прават тестови за сите фудбалерки за да се докаже дека нема машко меѓу нив. Нашите навивачи нема за што да се грижат.  Сите документи ќе бидат пратени во ФИФА и сакаме што е можно побрзо да се реши ова за да не губиме време на глупости“, порачуваат од репрезентацијата на Иран.

Додека трае овој скандал во женската селекција на Иран, мажите денеска играат против Сирија во квалификации за пласман на СП во Катар.

- Оглас -

Најнови вести