Најчуден гол годинава, топката отиде вертикално 10 метри во воздух и падна во гол (Видео)

Голманот на чилеански Палестино, Начо Гонзалес, направи огромна грешка на мечот од Копа Либертадорес против перуанскиот тим Алијанса Лима, па сосема заслужено си најде место во „ѕидот на срамот“ по социјалните мрежи.

По шутот кон неговиот гол, Начо ја боксуваше топката, но таа летна вертикално високo над неговиот гол и како свеќа падна надолу изненадувајќи го и по паѓањето на земја, се одби во мрежата за водство на Алијанса од 1-0.

За среќа на Начо, овој примен гол не беше решавачки, туку неговиот тим победи со 2-1 и тоа беше доволно за пласман во Копа Судамерикана, која е пандан на европската Лига на Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=5XXe1mw62DM

- Оглас -

Најнови вести