Голманот Гулаши му зготви супер асистенција на Вернер (Видео)

Петер Гулаши, голманот на Лајпциг, реагираше извонредно на почетокот на второто полувреме и со асистенција до Тимо Вернер беше заслужен за убавата предност од 3:1 против Келн.

Унгарецот со долг и прецизен дегажман му зготви германски рецепт на вториот најдобар стрелец во Бундеслигата, а Вернер ја имаше полесната задача да ја погоди мрежата на Тимо Хорн.

Веднаш потоа Келн постигна гол за намалување на 2:3, но Олмо во рок од само 7 минути постигна и трет гол во периодот од 50-тата до 57-мата минута, за резултат 2:4 за гостите од Лајпциг.

 

 

- Оглас -

Најнови вести