Голманот и напаѓачот се натпреваруваа кој ќе направи поголема глупост (Видео)

Шалке победнички си замина од гостувањето кај Штутгарт, а мечот го одбележа една несекојдневна ситуација. При водство на гостите од 1:0, еден играч на Шалке речи да ја врати топката кон својот голман Ралф Фархман.

Чуварот на мрежата на гостите несмасно реагираше и наместо да проигра некој од своите соиграчи, топката едноставно му ја подари на напаѓачот на Штутгарт Николас Гонзалес. Кога домашните навивачи очекуваа погодок и израмнување на 1:1, Гонзалез успеа да ја промаши празната мрежа и топката заврши во стативата.

Подоцна, Гонзалез даде гол, но тогаш намали на 1:2, па гостите од Гелзенкирхен победнички си заминаа од овој дуел.

Во останатите мечеви: Баер Леверкузен – Херта 3:1, Хановер – Фортуна Дизелдорф 0:1, Нирнберг – Фрајбург 0:1, Лајпциг – Вердер 3:2,  Штутгарт – Шалке 1:3. Од 18:30 часот играат Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести