Уште трае неизвесноста околу иднината на украинскиот голман Андриј Лунин, тој има договор со Реал Мадрид до 2025 година, и засега ниту го продолжил договорот, ниту направи трансфер во друг клуб.
Лунин изненадувачки најавуваше дека сака да си оди, не му се допаѓа улогата на резерва откако во голем дел од минатата сезона беше стартер додека Тибо Куртоа се рехабилитираше од повредата.
Но, изгледа Украинецот се премисли и даде сигнал дека останува во Реал.
Тој бранеше едно полувреме на пријателскиот меч со Милан во Чикаго, а после средбата на Инстаграм објави: „Едвај чекам повторно да играм во овој дрес. Продолжуваме со подготовките“.