Голманот Маињан асистираше во победата на Милан, Росонерите на врвот на Серија А! (Видео)

Милан ја совлада Сампдорија со минимални 1-0, и со новите три бода, Росонерите од Милано се нови лидери на табелата. Милан има еден бод повеќе од Интер, но Интер има и еден меч помалку, па може да се врати на врвот.

Стрелец на голот беше Рафаел Леао во 8 минута. За Леао, ова беше 100-ти настап во дресот на Милан, па јубилејот го прослави со гол.

Интересно е што асистент беше голманот Маик Маињан. Французинот е прв голман на Милан после легендата Дида од 2006 година, кој запишал асистенција на еден првенствен натпревар.

- Оглас -

Најнови вести