Николче Митревски е една од малкуте светли точки на Македонија на ракометниот Мундијал во Египет, но и неговите прекрасни одбрани не помагаат да забележиме добар резултат.
Македонија е поразена убедливо и од Русија со 20:32, што ни е четвртиот пораз со двоцифрена разлика на пет досега одиграни натпревари.
Митревски во тандем со Томовски бранеа многу солидно, а поискусниот и прв голман на нашата ракометна репрезентација имаше интересен начин за загревање пред мечот со Русите.
Изведе неколку слободни удари од далечина и покажа дека и фудбалот не му е непознат спорт, напротив покажа одлична техника и во најважната споредна работа на светот.
https://twitter.com/Egypt2021EN/status/1352628379766419459?s=20