Брука: голманот на Челзи како да е почетник, а не најскап на светот – Ливерпул пред победа во Лондон (Видео)

За само 10 минути во второто полувреме, Ливерпул со двата гола на Садио Мане стигна до сигурна предност во дербито против Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Гостите беа подобри и во првите 45 минути, но Челзи успеа да издржи на 0:0.

Сепак, во последната минута од првиот дел, Кристенсен доби директен црвен картон и домаќините останаа со играч помалку, па Ливерпул тоа знаеше да го искористи.

Мане најпрво погоди со глава во 50 минута, а само четири минути подоцна истиот играч го искористи киксот на домашниот голман и погоди за 2:0.

Голманот Кепа Аризабалага кој е најскапоплатен во историјата на фудбалот едноставно му ја подари топката на противникот, а Мане таквите ситуации ги казнува со погодок.

Тренерот на Челзи, Франк Лампард веќе подолго време најавува дека ќе го смени Кепа од голманската позиција, а по оваа грешка речиси е сигурно дека Шпанецот на следниот меч ќе биде на клупата за резерви.

 

- Оглас -

Најнови вести