Младиот 22-годишен голман на Фрозиноне, Стефан Турати, синоќа на гостувањето кај Интер прими гол од 56 метри, а се појави информација дека е голем фан на Нераѕурите, дури има и фотографија на која се гледа Турати без маица, на навивачка трибина меѓу тифозите на Интер за време на финалето на Купот на Италија на 24 мај годинава во Рим.
Тоа не значи дека Турати синоќа намерно прими гол за паметење од Федерико ди Марко, но Интер му е во срцето.
Турати е роден во Милано и сон му е да биде капитен на Интер. Навивачите на Интер го знаат тоа и му пееја „Уно ди нои“ (Еден од нас) на првиот меч на Турати во голманската кариера против својот сакан клуб и прими гол кој е кандидат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол годинава.