„Голманот“ на Комори прави чуда, по 60 минути со човек помалку се држат на 0-1 (Видео)

Камерун води само со 1-0 во мечот со Коморски Острови, а заслугата што победникот уште не е одлучен е кај левиот бек Шакер Алхадур, кој е во улога на голман.

Карл Токо Екамби беше стрелец на единствениот гол, но Коморите не само што се без вистински голман, туку од седмата минута имаат и играч помалку на теренот.

Сепак, Коморите храбро се држат, а Алхадур покажа дека знае да брани. Интересно е што тој на голот има дрес со бројот 16, а врз 16-ката има залепено тројка бидејќи бројот 3 е неговиот кој го носи и со кој е пријавен на африканското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести