Голманот на Олимпијакос е национален херој, среде Истанбул го „исфрли“ Фенербахче од Лигата на конференции

Екипите на Олимпик Марсеј и на Олимпијакос се последни полуфиналисти во Лигата на Европа и во Лигата на конференции откако беа подобри во пенал-рулетот.

Францускиот тим беше подобар од Бенфика, додека Олимпијакос ја доби грчко-турската пресметка со Фенербахче.

Во Лигата на Европа, Олимпик Марсеј благодарение на голот на Мумбања во 79-тата минута ја анулира негативата од првиот дуел во Лисабон (1:2) и го однесе мечот во продолженијата. Во нив немаше голови, по што одлуката за патникот во полуфиналето мораше да биде решена преку пенал-рулетот.

Во него, играчите на Олимпик Марсеј ги реализираа сите три пенали, додека кај Бенфика непрецизни беа Анхел ди Марија и Антонио Силва и францускиот тим го испратија во полуфиналето, каде што ќе игра против Аталанта, која беше подобра од Ливепрул.

Во Лигата на конференции, последен полуфиналист е Олимпијакос, кој го замолкна стадионот „Шукру Сарачоглу“. Херој на грчкиот тим е 21-годишниот голман Константинос Цолакис, кој им одбрани три удари од белата точка на играчите на Фенербахче и го однесе својот тим во полуфиналето, каде што ги чека Астон вила. Во регуларниот дел, Фенербахче славеше со 1:0 благодарение на голот на Кавечи во 11-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести