Голманот на ПСЖ за влакно избегна смрт: “Со нетрпение чекам повторно да бидам фудбалер“

Шпанскиот голман во редовите на ПСЖ, Серхио Рико, доживеа тешка несреќа јавајќи коњ и со денови беше во кома, а докторите со крајни напори успеаја да го спасат неговиот живот. Како што велат лекарите, доколку раната била за само половина центиметар подлабока, тогаш Рико веројатно ќе бил мртов уште на лице место.

Голманот дури 82 дена помина во болница, а сега вели дека се чувствува многу подобро и со нетрпение чека да се врати на фудбалските терени.

– “Секој ден сум се подобро, но медицински гледано се уште не сум 100%. Останувам во Севиља за да не морам постојано да патувам со авион за прегледите. Изгубив скоро 20 килограми после несреќата. Имав околу 91-92 килограми. Паднав на 73, но сега се вратив на 88 килограми. Видов фотографии кога излегов од болницата, изгледав како чепкалка за заби. Постојано го прашувам мојот доктор кога повторно ќе можам да спортувам. Со нетрпение чекам повторно да бидам фудбалер, но тоа не зависи само од мене. Го почитувам мислењето на докторите.“ – вели Серхио Рико.

- Оглас -

Најнови вести