Голманот насилник Естебан Андрада веќе ја дозна казната што ќе мора да ја плати за својата непромисленост. Како што е познато, пред неколку дена чуварот на мрежата на Сарагоса го нокаутира капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо.
Аргентинецот е казнет дури со 13 натпревари, што значи дека нема да игра до октомври. Казната е структурирана вака – 12 меча за ударот врз Пулидо и уште еден натпревар поради двата жолти картони што ги доби пред да го нападне капитенот на Уеска.
Esteban Andrada, hoy arquero del Zaragoza, fue EXPULSADO, SE VOLVIÓ LOCO Y LE PEGÓ UNA PIÑA en la cara al capitán del Huesca.
INSÓLITO TODO. 😳🇦🇷🇪🇸 pic.twitter.com/7wfO12gMFi
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) April 26, 2026
Треба да се напомене дека пред неколку дена Андрада му се јавил на Пулидо и му се извинил за ударот. Сепак, и покрај тоа, доби рекордна санкција.

