Голманот на Шпанија си даде смешен автогол, соиграчите експресно го извадија за финале во Ријад (Видео)

Шпанскиот репрезентативец Унаи Симон си даде смешен автогол, што за негова среќа, не беше кобен за Атлетик Билбао, екипа која го победи Атлетико Мадрид со 2:1 во второто полуфинале во Суперкупот на Шпанија.

Симон несмасно реагираше во 62-рата минута, по ударот со глава на Жоао Феликс и лошо ја процени топката која од стативата му удри в грб и заврши во мрежата на Атлетик Билбао.

Автоголот на Симон можете да го погледнете ОВДЕ.

За среќа на голманот на шпанската репрезентација, со два гола за четири минути во финишот на мечот го извадија Јерај Алварес и Нико Вилијамс, па Атлетик славеше во Ријад, Саудиска Арабија.

Во финалето ќе игра тимот од Баскија против Реал Мадрид, откако вчера Кралевите во „Ел Класико“ ја победија Барселона со 3:2 по продолженија.

Шпанскиот турнир во Суперкупот со четири екипи се игра во Ријад, Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести