Голманот на Сити постави рекорд како играч кој најбрзо стигнал до 150 победи во Премиер лигата

Манчестер сити без многу проблеми славеше над Лидс со 3:1, а голманот Едерсон постави рекорд во Премиер лигата. Бразилскиот чувар на мрежата на Граѓаните стигна до 150 победи во англиското првенство, и тоа само по 197 одиграни дуели.

Никој претходно во историјата не стигнал до 150 победи во помалку од 200 натпревари. Досегашниот рекорд беше на Патрис Евра, кому за 150 победи му беа потребни 213 дуели.

- Оглас -

Најнови вести