Голманот на Унион Берлин ќе ги тепаше хулиганите кои сакаа да направат прекин (Видео)

Унион Берлин со 1:0 ја победи Херта, во меч кој е историски, бидејќи тоа е првото берлинско дерби во Бундес лигата. Мечот беше решен во 90 минута, кога Полтер погоди од пенал.

Мечот го одбележаа неколкутре прекини кои ги направија домашните навивачи. Најсериозен беше тој, кога 10-тина маскирани хулигани влегоа на терен и сакаа да се пресметаат со фановите на Херта. Тогаш реагираше голманот на Унион Берлин, Гикевич кој буквално се спротистави на хулиганите и и ги избрка на теренот.

Малку фалеше голманот да се степа со оние кои се нарекуваат навивачи на Унион Берлин.

- Оглас -

Најнови вести