Голманот на Ватфорд е вистински херој – успеал да му го спаси животот на 80-годишен навивач

На Ватфорд сезонава не му оди како што посакува во Премиер лигата. По 17 меча, тимот е на последното место на табелата со само девет освоени бодови. На фудбалскиот терен може и да немаат херои, но надвор од стадионот, како вистински херој се претстави голманот Бен Фостер.

Минатиот викенд, Фостер додека се враќал од стадионот по мечот со Кристал Палас, забележал постар човек како изнемоштено се движел покрај улоцата. Бен бил во автомобилот заедно со својата сопруга и татко му, но решил да застане и да види дали му е потребна помош на старецот, кој веќе паднал на тротоарот.

Се работело за 80-годишен старец кој цели 60 години е навивач на Ватфорд. Тој бил на стадион да го гледа мечот, а кога сакал да се врати дома, неговиот автомобил не сакал да запали поради испразнетиот акумулатор. Старецот решил пешки да се враќа до својата куќа, која била 20-тина километри одалечена, но се загубил, бил преморен и едноставно паднал. Фостер кој застанал да му помогне, едноставно му го спасил животот на старецот.

Од Ватфорд потврдија дека нивниот голман неодамна направил вистинско хумано и херојско дело.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести