Голманот се посрамоти, па се правеше „на Тошо“ дека имало фаул, а прими банален гол (Видео)

Кајзерслаутерн со 2:1 го победи Холстејн Кил со 2:1, а по мечот најсреќен беше голманот на домаќините, Луте. Кајзерслаутерн водеше со 1:0 кога во 30 минута, чуварот на мрежата на домаќините направи голема грешка.

По еден изведен аут топката беше удрена со глава и безопасно доаѓаше кон голманот Луте. Сепак, место сигурна интервенција, голманот киксираше и прими гол. овој погодок може да го видите ТУКА.

За среќа на Луте, домаќините постигнаа втор погодок во второто полувреме за триумф од 2:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести