Голманот Шишковски е ново засилување на Докса

Кипарскиот клуб Докса официјално го објави почетокот на соработката со македонскиот голман Дамјан Шишковски. Шишковски, кој има 25 години, во минатото има брането за клубови од Финска, беше член и на белгискиот Гент, но најдобро е познат од настапите во Работнички и репрезентацијата. За младата селекција до 21 година тој бранеше на Европското првенство во Полска.

Овој клуб беше убедливо последен во кипарскиот шампионат, но не испадна поради одлуката за прекин на сезоната, со која ниту еден тим не се пресели во втората лига. Во Докса, Шишковски ќе го носи дресот со бројот 1.

- Оглас -

Најнови вести