Голманот со мотор го враќаа од противничкиот шеснаесетник за да не прими гол (Видео)

Кога се работи за фудбалот во аматерските натпреварувања, убавината е во тоа што целосно може до израз да дојде креативноста кај оние кои се на теренот и околу него. Во Бразил, на меч од аматерска лига, голманот реши да оди во противничкиот шеснаесетник и да се обиде да даде гол.

Сепак, тој не се најде во можност да го загрози голот на противникот, но ја остави неговата мрежа празна и тоа беше шанса на ривалите со контранапад да постигнат погодок. Сепак, во тој момент на помош на голманот му дојде негов пријател, кој со мотор влезе на теренот, го качи голманот и го одведе до својот гол.

 

- Оглас -

Најнови вести