Голманот Захов и традицијата го урнаа Вардар, Тиквеш ја оддалечи Шкендија од титулата

Воска спорт четврти пат по ред го победи Вардар во меѓусебните дуели, охриѓани триумфираа со 1-0 и го прескокнаа најтрофејниот македонски клуб на прволигашката табелата.

Сега Вардар е трети од долу, позиција која води во баражот за опстанок. Инаку, вардарци имаат проблем кога нема први да дадат гол, одамна не избегнале пораз во меч на кој противникот поведувал со 1-0.

Со гол на Бесарт Ибраими, стружани победија со 1-0 во Ѓорче Петров против Македонија во дуел на првиот и последниот на табелата, па сигурно е дека по завршувањето на ова коло, Струга Трим Лум ќе биде лидер на табелата.

Брера Струмица со гол во 88-ма минута дојде до реми од 1-1 на гости против Гостивар, а Тиквеш ја надигра Шкендија со 2-1, и ги оддалечи тетовци од битка за титулата.

- Оглас -

Најнови вести