„Голманот“ Жиру: Никогаш не сум доживеал ваков момент во кариерата

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, во финишот од натпреварот против Џенова, мораше да застане на голот на Росонерите и имаше успешна интервенција во последната минута со која ја „одбрани“ победата на својот тим.

Жиру во деветтата минута од судиското продолжение застана на голот на Милан поради исклучувањето на голманот Мајк Мањан, а тренерот Стефано Пиоли, немаше право на нова измена.

„Никогаш не сум доживеал ваков момент во кариерата. Горд сум на тимот, се боревме до крајот, а и јас добро бранев. Имав среќа и со пречката. Се боревме како лавови и среќен сум за победата како и за нашите навивачи“, изјави Жиру.

Французинот даде интересен одговор на прашањето дали одбраната во последните моменти од мечот, му донела радост како и кога постигнува голови.

„Речиси идентична беше радоста. Не бев сигурен дали ќе биде удар со глава или не, па си помислив да ја напуштам гол-линијата. Ги немам движењата на голманите, но така се чувствував. Ја повредив раката, но не е проблем. Како мал знаев честа да застанам на голови, па затоа и сега бев избран да го заменам Мањан“, одговори Жиру.

- Оглас -

Најнови вести