Легендарниот голман ќе го засили тимот на Владимир Путин во руската Дума

Партијата на Владимир Путин „Единствена Русија“ му понуди на легендарниот руски голман Игор Акинфеев да биде на нивната листа за Изборите што следат за место во руската Дума.

Голманот на руската репрезентација со 111 настапи сè уште не одлучил дали да ја прифати понудата. Акинфеев е вистински раритет во европскиот фудбал и целата кариера ја мина во еден ист клуб, во ЦСКА Москва, и има над 600 настапи за „Армејците“ од главниот град.

Има 34 години и шест шампионски круни во руското првенство, ја освои и бронзата со националната селекција на Европското првенство во 2008 година, а најголем успех му е освоениот пехар со ЦСКА во УЕФА купот во 2005 година.

Во финалето на теренот на Спортинг Лисабон, ЦСКА беше поуспешна и победи со 3:1 во битката за трофејот во второто по квалитет европско клупско натпреварување, сега познато како Лига на Европа на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести