Голот на Барди ги израдува и Реал Мадрид и Барселона (Видео)

Енис Барди уште еднаш покажа дека знае да биде најопасен во дуелите со најдобрите клубови во Шпанија. Леванте на свој терен го пречека лидерот Атлетико Мадрид, а Барди повторно доби шанса од првата минута и тоа на најдобар можен начин го искористи.

Во 17-тата минута, Леванте направи одличен контранапад, Барди излезе сам пред Јан Облак и успеа да го матира најдобриот голман во шпанското првенство.

https://streamable.com/ugi4kr

Предноста на Леванте траеше само 20 минути, кога Љоренте израмни на 1:1. Атлетико Мадрид продолжи да напаѓа и во второто полувреме, имаше доминација на теренот, но гостите не успеаја да постигнат втор погодок, па на крајот двете екипи освоија по еден бод.

Овој кикс на Атлетико сигурно ги израдува и Реал Мадрид и Барселона, двата тима кои се во потера на лидерот. Јорганџиите имаат 55 бода од 22 меча, пред Кралскиот клуб, кој е втор со 49 бода од 23 меча, додека Барселона има 46 бодови од 22 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести