Голот на Борнмут против Арсенал е втор најбрз во историјата на Премиер лигата!

Прецизно е пресметано дека голот со кој Борнмут води со 1-0 на гостувањето кај Арсенал, е постигнат после 9,11 секунди игра.

Гостите експресно го шокираа фаворитот, а ова е втор најбрз гол во историјата на англиската Премиер лига. Рекордот го држи Шејн Лонг од Саутхемптон против Вотфорд од 2019 година, кога постигна гол после само 7 секунди и 69 милисекунди игра.

- Оглас -

Најнови вести