Голот на викендот во Топ 5 лигите е во Франција (Видео)

Реимс и Бордо ремизираа 1:1 во меч од 15. коло во француското првенство. Гостите поведоа со голот на Џош Маја во 27 минута, а тоа беше погодок кој ретко се гледа. Маја успеа мајсторски со петица од шест-седум метри да ја сврте топката директно во голот на домаќините.

Овој прекрасен погодок сепак на крајот не беше доволен за три бода на гостите, бидејќи Реимс успеа да израмни буквално во последните секунди од мечот и на крајот домаќините освоија еден бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести