Италијанците со вистински потег: Идејата да одиме на СП место Иран е срамна, на Мундијал се оди само преку квалификации

Предлогот италијанската фудбалска репрезентација административно да обезбеди место на Светското првенство уште е активен. Оваа опција е во игра доколку Иран биде суспендиран од настапот на планетарниот собир, а Аѕурите добијат покана за учество.

Сепак, Иранците најавија дека целосно се фокусирани и се подготвуваат за настап на Мундијалот. Од друга страна, и Италијанците не се за да добијат на подарок настап на СП. Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди, порача дека неговата земја воопшто не сака да добие службена покана за настап на СП 2026 и дека „на Светското првенство се доаѓа исклучиво преку квалификациите“.

Министерот за економија Џанкарло Џоргети целата таа идеја за Италија да оди на СП 2026 ја нарече „срамна“. Тренерот Џани де Бијаси додаде дека „на Италија не ѝ е потребна политичка помош за настап на Мундијалот“.

Доколку се случи сценариото Иран да биде исфрлен од СП 2026, ФИФА е единствената легитимна организација која треба да ја назначи селекцијата која би била на завршницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести