Голот што го прими Манчестер јунајтед беше како тие во детските лиги (Видео)

Манчестер јунајтед загуби на гостувањето во Истанбул од Башакшехир со 2:1 во третото коло од Лигата на шампионите. За Башакшехир ова е историска прва победа, а Демба Ба е стрелец на историскиот прв погодок за Башакшехир во елитната лига на УЕФА.

Погодокот кој го постигна Ба е типичен пример за тоа како не треба еден клуб да биде поставен кога напаѓа. Манчестер јунајтед реши со сите 10-мина играчи да биде на противничката половина, заборавајќи дека Ба стои позади нив и чека само една исфрлена топка кон голот на Манчестер.

Така и се случи. Ба доби топка уште во својата половина и непречен од никого истрча 50-тина метри и без проблем ја затресе мрежата на Манчестер. До крајот на дуелот, домаќините дадоа уште еден гол, а фаворизираниот гостин постигна само почесен погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести