Голови во Франкфурт, тест за Интер, дерби во Португалија

Квотите на денот кои ги нуди SPORT LIFE, најавуваат победи на Интер против Сампдорија и на ПСЖ против Сент Етјен, додека за дуелот во Валенсија, подобро да се типува на голови. Како дополна ви предлагаме уште две интересни средби од германската и португалската лига, каде што играат екипи кои се во горниот дел на табелите.

 

Валенсија – Еспањол (16.15 часот)

Ова е дуел на тимот (Валенсија) со најмногу нерешени натпревари сезонава и тимот (Еспањол) од кој само Реал Мадрид има помалку ремија. Валенсија има три бода повеќе од Еспањол и се бори за излез на европска сцена, но ако сака да ја оствари целта, мора да победува. Тимот од Барселона, на гости не победил уште од 21 октомври, а на „Месталја“ не славел уште од октомври 2007 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

Интер – Сампдорија (18.00 часот)

Скандалот со капитенската лента на Икарди остава трага врз Интер, па во вистински момент им доаѓа дуелот со Сампдорија која откако Кваљарела престана да дава голови, има два порази по ред. Последните шест официјални мечеви на Интер по 90 минути игра беа неефикасни, со 0-1 голови, но мора да биде поефикасен ако не сака да си го доведе во опасност третото место.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.10)

 

Сент Етјен – ПСЖ (21.00 часот)

ПСЖ има осум победи на последните десет меѓусебни дуели против вечерашниот ривал, но во минатата сезона, на ова гостување парискиот тим освои само бод и тоа се спасуваше во 92 минута. Сент Етјен од септември 2008 чека домашна победа над париските „светци“. ПСЖ можеби ќе се мачи, но ќе ги освои трите бода.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.00)

 

Спортинг – Брага (21.00 часот)

Според традицијата, ова е незгоден меч за тимот на Стефан Ристовски. Брага ги доби псолелдните две пресметки со по 1-0, а не е поразена ниту на последните две гостувања во Лисабон. Спортинг во минатата сезона дома избегна пораз против Брага во 95 минута. Пред неполн месец, Спортинг ја елиминираше Брага од Купот. Ако победи Брага, ќе дојде на два бода од лидерот Порто.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

Ајнтрахт – Борусија Менхенгладбах (15.30 часот)

Есеноска Борусија победи со 3-1, а и овојпат типуваме дека двата тима ќе дадат гол, иако традицијата кажува дека само на еден од последните шест нивни дуели, било „гол-гол“. Во Франкфурт, Борусија М. нема победено четири години. Ајнтрахт кој има три нерешени по ред, со победа би бил петти, а Менхенгладбах кој во 2019 година нема реми, со триумф би на зацврстил третата позиција.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.80)

- Оглас -

Најнови вести