Головите на Арсенал и на Милан во 90+5 минута донесоа илјадници евра добивка

Изминатиов викенд беше бериќетен за многумина играчи во Sport Life, а посебно интересни беа два тикета кои донесоа голема радост во Охрид и Неготино. Меч кој ќе се памети е тој во Лондон, на кој Арсенал губеше со 0:2, но на крајот победи со 3:2. Токму овој меч го имаше на многу тикети, па погодокот на Топчиите за победа донесе многу радости.

ЈА ПОГОДИ ДРАМАТА НА ТОПЧИИТЕ И ФАТИ КВОТА ОД 26

Во саботата, во Охрид беше уплатен тикет само од четири меча, кој на 100 вложени денари донесе добивка од 112.047 денари. Сите четири дуели се од Премиер лигата, а драмата беше на дуелот Арсенал – Борнмут.

Обложувачот успеа дапогоди дека гостите ќе водат на полувреме, а дека сепак на крајот Арсенал ќе слави, што му донесе квота од 26. Борнмут на полувреме водеше со 1:0, потоа имаше предност и од 2:0, но на крајот Арсенал направи пресврт. Топчиите постигнаа два гола за реми, а во 95-тата минута ерупција од радост на стадионот донесе голот за победа од 3:2. Овој гол донесе радост и во Охрид за добивка од речиси 2.000 евра.

Одлична погодена квота е и победата на Вулверхемптон дома против Tотенхем со 1:0 благодарение на глот на Траоре во 82-рата минута. Брајтон и Манчестер сити немаа проблеми на своите терени и против Вест хем и Њукасл уште во првото полурвеме водеа, а на крајот стигнаа до лесни триумфи.

ТАКТИКАТА ДА СЕ ИГРА НА ПОМАЛИ КОЕФИЦИЕНТИ ДОНЕСЕ ГОЛЕМА ДОБИВКА ВО НЕГОТИНО

Дури 17 погодени мечеви има на тикетот уплатен во Неготино, кој на 200 вложени денари, донесе бруто-добивка од 123.607 денари. И на овој тикет е играно дека Арсенал ќе победи, што и се случи со погодок во 95-тата минута. Погодени се и победите на останатите фаворити коишто играа во саботата: Челзи – Лидс (1:0), Атлетико Мадрид – Севилја (6:1), Штутгарт – Баерн Минхен (1:2), Чавес – Порто (1:3), Феенорд – Гронинген (1:0).

Милан загуби кај Фиорентина, но тука беше потребно гостите да дадат еден гол, а тоа и се случи затоа што Виолетовите славеа со 2:1. Милан голот го постигна во 90+5 минута. Милвол загуби дома од Норвич со 2:3, а потребните 2+ голови беа постигнати уште во првиот дел. Два гола беа доволни и на дуелот Ленс – Лил (1:1), Мидлсбро дома го растури Рединг со 5:0, а Ле Авр со 2:1 беше подобар од Лавел.

МАЈСТОР КОЈ „НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА“ ФУДБАЛ, ПОГОДИ ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ 3.650

Мајсторски е тикетот кој е погоден во Струга од минатата недела. На тикетот на којшто има 17 натпревари, фудбалот е целосно занемарен, а на крајот сепак е добитен, па само со 20 вложени денари, бруто-добивката е 73.015 денари.

- Оглас -

Најнови вести