Головите се круна на големото германско дерби

Традицијата е на страната на Баерн во големото германско дерби со Борусија Дортмунд, но најдобро е да се типува на голови, кои се почесто се круна на дуелите меѓу двата главни кандидати за титулата во Бундеслигата, вели Васоски.

И него го чека важен меч, денеска во 14. коло. Од 13 часот Вардар му гостува на Шкупи на „Чаир“, а потоа од 18.30 тренерот на нашиот најтрофеен клуб ќе има можност да го проследи дуелот на „Сигнал Идуна Парк“ меѓу Борусија и Баерн.

Стандардно секоја сабота за Спорт Манија Васоски ги анализира натпреварите од Бундеслигата, а еве ги неговите пет предлози за 11. коло во Германија:

 

Хофенхајм – Аугсбург (15.30 часот)

Искрено ме импресионираат настапите на Хофенхајм сезонава. Јулијан Нагелсман е млад, но многу талентиран тренер, а зачудува како оваа екипа успева успешно да игра на повеќе фронтови. Имаа историски кам-бек против Лион во Лигата на шампионите, со играч помалку анулираа негатива од 0:2 и се во победничко расположение.

И во Бундеслигата играат екстра ефикасно, нанижаа три победи по ред, не калкулираат и очекувам нов меч со многу голови. Аугсбург им е ривал по мерка за дуел со 4 или повеќе голови.

Предлог тип: 4+ (2.04)

 

Фортуна Диселдорф – Херта (15.30 часот)

Херта има одлична можност да се „извади“ за поразот од Лапциг. Фортуна е екипа која е во голема криза, од која тешко се излегува и очекувам победа на гостите.

Составот од Берлин игра солидно на гостински терен, Фортуна нема победа долго време и верувам дека ќе остане така, за жал на мојот поранешен тренер во Ајнтрахт Франкфурт, Фридхелм Функел. Нема добра екипа и со пораз веројатно ќе биде сменет по мечот со Херта.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

Вердер – Борусија Менхенгладбах (15.30 часот)

Ова коло во Германија е како нарачано за прогнозери што типуваат на голови, а верувам дека ќе ги има многу и на дуелот во Бремен.

На последните 4 натпревари на мечевите што ги играше Вердер имаше неверојатни 20 погодоци, а не заостанува ниту Борусија со 16 голови.

Двете екипи негуваат офанзивен фудбал, имаат квалитетни состави и тука очекувам да се тресат мрежите на Павленка и на Зомер.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.74)

 

Фрајбург – Мајнц (15.30 часот)

Фрајбург игра солидно на свој терен, го бие глас дека е домашна екипа и верувам дека ќе успее да го победи Мајнц. Екипа која заедно со Штутгарт е најслаб гостин во почетната фаза од Бундеслигата.

Мајнц игра многу слабо кога гостува има само едно реми и три порази, а лошо за нив е што имаат постигнато само еден гол на гости.

Фрајбург успеа во минатото коло да ја победи фаворизираната Борусија Менхенгладбах и според мене е многу блиску до нов триумф на „Шварцвалд“, стадион на кој паѓаат и поквалитетни екипи од Мајнц.

Предлог тип: 1&Т1 (2.95) 

 

Борусија Дортмунд – Баерн (18.30 часот)

Очекувам нов спектакуларен меч на две одлични екипи и главни кандидати за титулата во Германија. Борусија постојано наоѓа начин да биде во врвот, иако продава доста играчи пред секоја сезона, или во зимскиот преоден рок.

Имаат талентирани млади фудбалери, а Лусијан Фавр врши одлична работа и состави екипа што е извонреден спој на млади и искусни играчи. Пред се квалитетни што можат да му се спротивстават на Баерн, иако имаат лош биланс против нив во последно време.

Баварците се во чудна ситуација, повторно има информации дека нешто не штима на релација тренер-играчи, но има суперквалитетен состав, подготвен да се надигрува со секоја екипа во Европа.

Дерби натпреварите меѓу овие два тима се тешки за типување конечен исход, но затоа има доста голови во последно време. Верувам дека ќе проследиме ефикасно дерби во Дортмунд со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.82)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести